Што е fercena.mk?

“Фер Цена” е онлајн платформа која им овозможува на потрошувачите во Македонија лесно и брзо да се информираат за понудата и цените на производите на пазарот, со цел да донесат правилна одлука при купување. Функционира како централизиран агрегатор на податоци, кој секојдневно собира и анализира информации за продуктите, нивните цени и каде можат да се набават. Овозможува лесен процес на споредба на цените за секој корисник и гарантира пронаоѓање на најдобрата понуда, по "фер цена". Корисниците можат да пристапат до информации за над 50,000 продукти поделени во 9 категории, вклучително тв/аудио/видео, нега и убавина, спорт и рекреација, дом и градина, компјутери и опрема, канцелариска и училишна опрема, деца и бебиња, телефони и паметни часовници, фото и видео. Платформата редовно се ажурира и ги прикажува податоците за секој производ со неговата моментална цена и достапност во повеќе од 15 продавници ширум државата. Мисија: Подобрување на искуството на корисниците при онлајн купувањето во Македонија, преку обезбедување на редовно ажурирани, јасни и точни информации за цените на производите. Нашата цел е да ги информираме потрошувачите со транспарентни и непристрасни информации за да можат да направат најдобар избор при секое купување. Визија: “Фер Цена” стреми да стане водечка платформа во Македонија за информирање и навигација на корисниците кон најдобрите понуди на пазарот, поттикнувајки позитивни промени во начинот на кој потрошувачите пристапуваат кон онлајн купувањето.

Бенефити за Корисници

  • Бесплатен Пристап: Неограничен пристап до платформата без никакви трошоци.
  • Заштеда на Време и Пари: Брзо наоѓање на производи со најниска цена.
  • Информирани Одлуки: Обезбедување на точни и актуелни информации кои помагаат при купување.
  • Лесна Навигација: Интуитивен дизајн кој овозможува лесно пребарување и споредување.

За Тимот

Нашиот тим е составен од стручњаци со различни позадини вклучувајќи развој на софтвер, дата аналитика, продукт менаџмент, маркетинг и продажба. Заедно, тимот активно работи на градење и подобрување на fercena.mk за да обезбеди фер, еднакви и транспарентни услови за сите корисници.

Известување:

Во моментов користите бета верзија на fercena.mk. Доколку наидете на грешка или недостаток, известете не’ со цел да го подобриме Вашето искуство со Фер Цена. За сите дополнителни информации пишете на [email protected] или на социјалните медиуми!

Со почит,

Тим “Фер Цена”